Јавен повик за избор на надворешни соработници

Проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“ поддржан од ЕУ, објавува јавен повик за надворешни соработници за поддршка на локално вмрежување но и процес на застапување базирано на докази.

Завршна прес конференција за резултатите од проектот „Младински глас за локална акција“ во реализација на РЦЗ Делчево

На 23 август, 2023 година во просториите на Хотел Македонија во Делчево се одржа завршна прес конференција за промоција на постигнатите резултати од проектот „Младински глас за локална акција“ поддржан од програмата за грантови на Коалиција СЕГА преку проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“.

Нови искуства и многу младински активизам на Младински Камп Голак 2023

На 7 и 8 август 2023 година, Регионалниот центар за застапување Делчево го одржа Младинскиот камп на планината Голак, во рамки на проектот „Младински глас за локална акција”, поддржан од програмата за грантови на Коалиција СЕГА преку проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“.

Нова Стратегија за развој на волонтерството во општина Битола

Младински Културен Центар – Битола креира нова Стратегија за развој на волонтерството во општина Битола 2023 – 2026 година, преку проектот „Време е за волонтирање“  кој што беше поддржан во рамките на програмата за грантови на Коалиција СЕГА во проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“.

СОС Детско село креира Прирачник за справување со кибернасилство

Во време кога дигиталниот простор претставува предизвик за безбедноста на децата и младите, граѓанските организации треба да обезбедат поддршка за превенција, справување и постапување во случај на насилство врз младите луѓе во дигиталниот простор.

Реализиран циклусот на обуки за Локални младински совети

Во насока на јакнење на функционалностa на локалните младински совети, проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата” спроведе циклус на обуки за јакнење на капацитетите на членовите на локалните младински совети и локални собранија за млади од повеќе општини.

Застапувањето на младинските потреби и интереси пред донесувачите на одлуки е главната улога на Локалните младински совети!

Во период од 06 – 08 април 2023 година, членовите на Локалните младински совети учествуваа на обука за Застапување и лобирање, на која се стекнаа со знаења и вештини за ефективно застапување на потребите на младите во својата локална заедница.

Започна циклусот на обуки за Локални младински совети

Локалните младински совети се предвидени со Законот за младинско учество и младински политики, и претставуваат механизми за младинско учество на локално ниво, имајќи советодавна и застапувачка улога во процесите одлучување и креирање политики. Во насока на јакнење на нивната функционалност, проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата” започна процес на јакнење на капацитетите на членовите на локалните младински совети и локални собранија за млади од повеќе општини.

Службениците за млади од општините ги зајакнаа своите капацитети

Во рамките на проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата” се спроведе процес на јакнење на капацитетите на Службеници за млади од следните 14 општини: Гази Баба, Кисела Вода, Шуто Оризари, Карпош, Битола, Гостивар, Теарце, Охрид, Зрновци, Кочани, Могила, Неготино, Крушево и Прилеп.




„Оваа веб страна е креирана и одржувана со финансиска поддршка на Европска Унија. Содржината на истата е единствена одговорност на спроведувачите на проектот и не нужно ги одразува ставовите на Европската Унија.“



© 2021 – mladi.eu All rights reserved.