Јавен повик за избор на обучувачи

Коалиција СЕГА за потребите од спроведување на проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“, финансиран од18 Европската Унија, објавува

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА ОБУЧУВАЧИ

кои ќе треба да спроведат сет на обуки во насока на јакнење на капацитетите на граѓанските организации кои работат со и за млади.

Целосниот повик може да го преземете на следниот ЛИНК.

Краен рок за доставување на апликациите е 22 октомври 2021 година, најдоцна до 16:00 часот.

Апликациите кои ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние кои не се доставени според условите на повикот, нема да бидат земени предвид.

Апликантите ќе бидат информирани за исходот од постапката на евалуација.

За подетални информации може да не контактирате на е-маил адреса: sega@sega.org.mk, најдоцна до 20.10.2021 година.

Проектот ″Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата″ се спроведува од страна на Коалиција на младински организации СЕГА (СЕГА) како водечки партнер, во партнерство со Женски Форум Тетово (ЖФ Тетово), СОС Детско Село Северна Македонија (СОС ДС) и Волонтерски Центар Скопје (ВЦС).

Подготвени Студии на случај за родови стереотипи во Скопски и Полошки регион

Подготвени Студии на случај за родови стереотипи во Скопски и Полошки регион

Во периодот јуни – август 2021 година, беа подготвени Студии на случај за стереотипите за учество на младите жени во Скопскиот и Полошкиот регион. Целта на овие студии беше да се детектираат предизвиците со кои се соочуваат младите жени од руралните средини во процесите на донесување на одлуки.

Податоците кои се презентирани во студиите ќе придонесат кон подобро планирање на проектните активности за јакнење на капацитетите на младите жени за поактивно учество во општествените сфери како и кон унапредување на нивната положба во општеството.

Овие студии се дел од сеопфатно почетно истражување во рамките на проектот кое ќе ја дефинира почетните состојба со цел да се планираат релевантни и ефикасни активности во текот на проектот.

[линкови]

Студија на случај за стереотипите за учество на младите жени во Скопскиот регион

Студија на случај за стереотипите за учество на младите жени во Полошкиот регион

Работилница за планирање и креирање на детален акциски план за проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“

Коалиција СЕГА ја одржа Работилницата за планирање и креирање на детален акциски план за проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“, во Хотел Аквалина во Охрид, каде присуствуваа претставници на Коалиција СЕГА и претставници на партнер организациите СОС Детско село, Волонтерски центар Скопје и Здружение Женски Форум од Тетово.

На првата сесија од настанот се презентираше генералниот проектен план, преглед на досегашните активности и очекувања на претставниците.

Во периодот од 24 – 26 март 2021, учесниците и проектниот тим работеа на креирање на деталниот акциски план и подготовка на активностите, преглед на мониторинг
системот од проектот, работни процедури, комуникација, административно и финансиско работење и др.

Проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“ е поддржан од ЕУ, ИПА Програма за граѓанско општество и програма за медиуми 2018-2019, и го спроведува Коалиција на младински организации СЕГА во партнерство со СОС Детско село, Волонтерски Центар Скопје – Volunteers Centre Skopje и Здружение Женски Форум од Тетово.




„Оваа веб страна е креирана и одржувана со финансиска поддршка на Европска Унија. Содржината на истата е единствена одговорност на спроведувачите на проектот и не нужно ги одразува ставовите на Европската Унија.“



© 2021 – mladi.eu All rights reserved.