Започна циклусот на обуки за Локални младински совети
Локалните младински совети се предвидени со Законот за младинско учество и младински политики, и претставуваат механизми за младинско учество на локално ниво, имајќи советодавна и застапувачка улога во процесите одлучување и креирање политики. Во насока на јакнење на нивната функционалност, проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата” започна процес на јакнење на капацитетите на членовите на локалните младински совети и локални собранија за млади од повеќе општини.