Потпишан Меморандум за соработка со Општина Карпош

Денес, Коалиција на младински организации СЕГА потпиша Меморандум за соработка со Општина Карпош, во рамките на проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“.

Соработката предвидува Коалиција СЕГА да фасилитира процес за подготовка на Локална Стратегија за млади на општина Карпош во согласност со Законот за младинско учество и младински политики. Исто така, во периодот што следи, СЕГА ќе ги зајакне капацитетите на Локалниот Младински Совет во Општина Карпош како функционален модел за младинско учество во локалната заедница.

Проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“ е финансиран од Европската Унија и се спроведува од страна на Коалиција на младински организации СЕГА во партнерство со СОС Детско Село, Волонтерски Центар Скопје и Женски Форум Тетово.

Започна процес на креирање на локални стратегии за млади

Во рамките на проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој во заедницата“ поддржан од ЕУ, Коалиција СЕГА започна процес на креирање на локални стратегии за млади во согласност со Законот за младинско учество и младински политики. Проектот ќе поддржи фасилитација на процес за креирање на стратегии за млади во Општините Општините Битола, Гостивар, Кисела Вода и Карпош. Овој процес ќе примени успешни практики и развивање на процес врз база на докази.

Во изминатиот период беше развиена методологија која вклучува алатки за локално истражување на младински трендови како и методологија за фасилитација на целокупниот процес. Методологијата е во согласност со приоритетите на новата Национална стратегија за млади која е во процес на подготовка, во согласност со Законот за младинско учество и младинска политика.

Граѓанскиот сектор заедно со младите, како и членовите на локалните младински совети, ќе го водат процесот на локално ниво со широка вклученост и партиципативност. За таа цел, во периодот 12 – 14 септември 2022 година, во хотел Дрим во Струга се одржа обука за креирање на локални стратегии за млади на која учествуваа претставници на вклучените Општини како и локалните фасилитатори на процесот за сите 4 општини.

Во наредниот период ќе следи истражување и формирање на работни групи на локално ниво за изработка на локалните стратегии за млади. Се очекува стратегиите во сите 4 општини да бидат финализирани и усовени до крајот на 2022 година.

Одржана обука за Финансиско Управување со грантови за грантистите на СЕГА

На 07 септември во Хотел Холидеј Ин, Скопје, се одржа Обука за Финансиско Управување со грантови за грантистите на СЕГА.

Обуката вклучуваше детални насоки за соодветно административно и финансиско работење на проектите, преглед на документација за известување, како и насоки за видливост во проектите.

На обуката присуствуваа одговорните лица за финансиско работење во проектите како и координаторите на проектите од грантистите на СЕГА.




„Оваа веб страна е креирана и одржувана со финансиска поддршка на Европска Унија. Содржината на истата е единствена одговорност на спроведувачите на проектот и не нужно ги одразува ставовите на Европската Унија.“



© 2021 – mladi.eu All rights reserved.