Тркалезна Маса „Како до подобра примена на Законот за младинско учество и младински политики“

21 август 2024, Коалиција на младински организации СЕГА реализираше Тркалезна маса „Како до подобра примена на Законот за младинско учество и младински политики” со клучните чинители за младинските политики и имплементација на Законот за младинско учество и младински политики во Р.С. Македонија.

На Тркалезната маса, СЕГА ги презентираше наодите од Анализата од Влијанието на Законот за младинско учество и младински политики и беа дискутирани сите предизвици при примена на Законот по повеќе од 4 години од неговото усвојување. На овој настан најголем дел од учесниците беа млади пратеници при Собранието.

Денес, добивме силна поддршка и разбирање за потребите од измени и дополнување на Законот за младинско учество и младински политики кои повеќе од 1 година ги застапуваме со други организации низ процес на консултации со сите засегнати страни.

Тркалезната маса имаше за цел да обезбеди завршни наоди и заклучоци кои упатуваат на неопходноста од измени и дополнувања на ЗМУМП со цел подобра негова имплементација.

Тркалезната маса се реализираше во рамки на проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“, финансиран од Европската Унија, а спроведен од страна на Коалицијата на младински организации СЕГА во партнерство со СОС Детско Село Северна Македонија, Волонтерски Центар Скопје и Асоцијација Женски Форум Тетово.

ФОТОГРАФИИТЕ ОД НАСТАНОТ МОЖЕ ДА ГИ ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

Завршна Конференција „Влијанието на младите врз креирање одржливи политики“

15 август 2024, во хотел Панорамика, Скопје, Коалиција на младински организации СЕГА ја одржа Завршната Конференција „Влијанието на младите врз креирање одржливи политики“, која е во рамките на проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“.

Проектот обезбеди можност за практично јакнење на капацитетите и на граѓанските организации, младите луѓе но и јавните институции за подобра поддршка на учество на младите луѓе и младинските претставници, преку нивно вмрежување низ заедничко креирање на локални стратегии за млади, но и воспоставување и јакнење на локални младински совети во различни општини. Преку проектот се воспоставија успешни практики за подобра примена на Законот за младинско учество и младински политики, во заедничка соработка со сите чинители, промовирајќи активен глас и учество на младите како основен принцип на проектот на локално ниво. Сепак, анализата на влијанието на Законот покажа дека освен во општините каде што има поддршка од граѓанските организации и фондации, и по повеќе од 4 години за жал нивото на имплементација не е на задоволително ниво“, истакна г-дин Зоран Илиески, Извршен Директор на Коалиција СЕГА и Тим Лидер на проектот.

Министерство за социјална политика, демографија и млади како новоформирана институција која ја подигнува важноста на младите на институционално ниво, ја изрази својата поддршка за унапредување на политиките за млади. „Подготвени сме да ги поддржиме сите проекти кои ќе ги мотивираат младите да останат во нашата земја и да придонесуваат кон нејзиниот развој. Секој млад човек заслужува да биде слушнат, да биде поддржан и охрабрен да ги оствари своите амбиции. Оваа конференција е одлична можност за размена на идеи и споделување на искуства, и верувам дека резултатите од денешната дискусија ќе ни помогнат да ја зајакнеме нашата соработка и да создадеме уште поуспешни младински политики.“, изјави Г-дин Фатмир Сабриу, Државен секретар во Министерство за социјална политика, демографија и млади.

Проектот ја подигна свеста помеѓу младите за важноста од учество во заедницата, преку низа на обуки и работилници, креирајќи ресурси корисни младите, граѓанските организации и донесувачите на одлуки.

Периодот на имплементација на проектот е јануари 2021 година – август 2024 година, а главната цел на проектот беше да се подобри квалитетот на спроведувањето на младинската политика врз основа на структурна соработка и суштинско учество на вмреженото граѓанско општество.

Проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“, е финансиран од Европската Унија, а спроведен од страна на Коалицијата на младински организации СЕГА во партнерство со СОС Детско Село Северна Македонија, Волонтерски Центар Скопје и Асоцијација Женски Форум Тетово.

Фотографии од настанот може да најдете тука.




„Оваа веб страна е креирана и одржувана со финансиска поддршка на Европска Унија. Содржината на истата е единствена одговорност на спроведувачите на проектот и не нужно ги одразува ставовите на Европската Унија.“



© 2021 – mladi.eu All rights reserved.