Јавен повик за учество на Обука за дигитална писменост за онлајн активизам
Во рамки на проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“ поддржан од ЕУ, се објавува
ЈАВЕН ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА ОБУКА ЗА ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ ЗА ОНЛАЈН АКТИВИЗАМ.
Обуката за ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ ЗА ОНЛАЈН АКТИВИЗАМ е дел од Програмата на јакнење капацитети за организациски и програмски развој вклучувајќи и менторска поддршка од релевантни експерти на различни теми.
Целта на обуката е да се зајакнат капацитетите на граѓанските организации кои работат со и за млади да обезбедат ги подобрат своите компетенции за онлајн безбедност, примена на онлајн дигитални платформи за организирање настани, онлајн застапување и учество како и платформи за визуелизација, нови трендови во подготовка на содржини за социјални медиуми и веб страни.
Период на одржување на обуката: 15 – 17 јуни 2022
Локација за одржување на обуката: Хотел „Дрим“, Струга
Работниот јазик за време на обуката ќе биде македонски.
Организаторот ги покрива сите трошоци за обуката, поврзани со сместување, патување и работни материјали.
На повикот можат да се пријават членови на граѓански организации кои се регистрирани и дејствуваат според Законот за здруженија и фондации. Апликантите мора да бидат на возраст од најмалку 18 години. Предност ќе имаат пријавените членови на организации кои работат со и за млади на локално, регионално и национално ниво.
Рок и начин на пријавување
Крајниот рок за пријавување на обуката за дигитална писменост за онлајн активизам е 10 јуни 2022 година, на следниот линк за регистрација: https://forms.gle/hz5KZVnxXnpo43Lr8
За подетални информации околу овој повик може да не контактирате на е-маил адресите: sega@sega.org.mk.
Селекција на учесници
За оваа обука ќе се селектираат 16 претставници од граѓански организации. Селектираните учесници ќе бидат контактирани и информирани за сите детали во врска со обуката на 13 јуни 2022 година.