Потпишан Меморандум за соработка со Општина Гостивар

Коалиција на младински организации СЕГА потпиша Меморандум за соработка со Општина Гостивар, во рамките на проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“.

Во рамките на соработката, СЕГА ќе фасилитира процес за подготовка на Локална Стратегија за млади во согласност со Законот за младинско учество и младински политики. Исто така, проектот ќе ги зајакне капацитетите на Локалниот Младински Совет во Општина Гостивар како функционален модел за младинско учество во локалната заедница.

Проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“ е финансиран од Европската Унија и се спроведува од страна на Коалиција на младински организации СЕГА во партнерство со СОС Детско Село, Волонтерски Центар Скопје и Женски Форум Тетово.

Јавен повик за учество на обука за процес на пристапување во ЕУ – секторски стандарди

Во рамки на проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“ поддржан од ЕУ, се објавува

ЈАВЕН ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА ОБУКА ЗА ПРОЦЕС НА ПРИСТАПУВАЊЕ ВО ЕУ – СЕКТОРСКИ СТАНДАРДИ.

Обуката за ПРОЦЕС НА ПРИСТАПУВАЊЕ ВО ЕУ – СЕКТОРСКИ СТАНДАРДИ е дел од Програмата на јакнење капацитети за организациски и програмски развој вклучувајќи и менторска поддршка од релевантни експерти на различни теми.

Целта на обуката е да се зајакнат знаењата на граѓанските организации за достапните инструменти на ЕУ во фазата на пристапување, фундаментални (секторски) политики на ЕУ, актуелна состојба со резултатите од процесот на пристапување во специфични Поглавја релевантни за граѓанскиот сектор како и идните чекори во процесот на пристапување.

Период на одржување на обуката: 19 – 21 април 2022

Локација за одржување на обуката: Хотел „Дрим“, Струга
(со физичко присуство, во согласност со протоколите на Владата на РСМ за организирање настани).

Работниот јазик за време на обуката ќе биде македонски.

Организаторот ги покрива сите трошоци за обуката, поврзани со сместување, патување и работни материјали.

На повикот можат да се пријават членови на граѓански организации кои се регистрирани и дејствуваат според Законот за здруженија и фондации. Предност ќе имаат пријавените членови на организации кои работат со и за млади на локално, регионално и национално ниво. 
 
Рок и начин на пријавување

Крајниот рок за пријавување на обуката е 14 април 2022 година, на следниот линк за регистрација: https://forms.gle/e95mmWJafH4y1hJN8

За подетални информации околу овој повик може да не контактирате на е-маил адресите: sega@sega.org.mk, или на телефон: 078 470 400.

Селекција на учесници
Селектираните учесници ќе бидат контактирани и информирани за сите детали во врска со обуката на 15 април 2022 година.




„Оваа веб страна е креирана и одржувана со финансиска поддршка на Европска Унија. Содржината на истата е единствена одговорност на спроведувачите на проектот и не нужно ги одразува ставовите на Европската Унија.“



© 2021 – mladi.eu All rights reserved.