Име на организација:
Центар за Младински Активизам КРИК
Наслов на проект:
The change comes from YOUth/Промената доаѓа од младите
Општа цел на проектот:
Активно вклучување на младите од К. Вода во развојот на својата општина
Специфична цел(и) на проектот:
Подобрување на личниот и социјалниот развој на младите од општина Кисела Вода
Очекувани резултати:
Р1.1. Подготвена дигитална игра со едукативна содржина
Р.1.2. 20 млади лица се обучени и знаат како да спроведат активности за мапирање, лобирање и застапување на младинските прашања во нивните локални средини
Р.2. Обучени ментори за поддршка на младински групи кои даваат придонес/инвестиција во својата општина
Р.3. 5 локални младински прашања се мапирани во о. К.Вода
Р.4. Спроведени 5 локални младински иницијативи за решавање на младинските прашања кои беа мапирани во претходниот дел
Р5.1. Видео-преточена едукативна содржина во стенд ап настап
Р.5.2. Информирани млади за промените кои младинските групи ги направија на локално ниво
Вкупен буџет (во ЕУР):
14 999,98
Име на организација:
Младински Културен Центар Битола
Наслов на проект:
Време е за волонтирање
Општа цел на проектот:
Да се зголеми учеството на младите и граѓанските организации во креирањето на локалните политики и развојот на заедницата
Специфична цел(и) на проектот:
1. Да се зајакне капацитетот на ЛСВ Битола за креирање на локални политики од областа на волонтерството.
2. Да се зајакне волонтерската инфраструктура преку подготовка и усвојување на Стратегија за развој на волонтерството во Општина Битола.
3. Да се промовира волонтерството како алатка за зголемено учество на младите во развојот на заедницата
Очекувани резултати:
Р.1.1 Зајакнат капацитетот на сите членови на ЛСВ Битола преку реализација на обуки за креирање на волонтерски политики и имплементирање на креирани планови.
Р.2.1 Обезбедени услови за граѓанско учество во креирање на локални волонтерски политики.
Р.2.2 Изработена и усвоена Стратегија за развој на волонтерството во општина Битола
Р.3.1 Реализиранa кампања за промоција и поттикнување на волонтерството во Општина Битола
Вкупен буџет (во ЕУР):
15 000
Име на организација:
Здружение Асоцијација за демократска иницијатива
Наслов на проект:
Генерација за промени – млади лидери од Полог
Општа цел на проектот:
Локалните промени се поттикнати од страна на младите, здружени со граѓански организации, бизнис заедницата и медиумите за нивна поголема видливост и вклученост во локалните заедници
Специфична цел(и) на проектот:
Младите од полошкиот регион активни преку формални и неформални групи иницираат и застапуваат промени на локално ниво.
Очекувани резултати:
Р.1 Проценка на активизмот и потребите на младите од полошкиот регион;
Р.2 Зајакнати компетенции на младите за лидерство, планирање и спроведување на планови за застапување;
Р.3 Промовирани потребите и приоритетите на младите од полошкиот регион
Вкупен буџет (во ЕУР):
14 890
Име на организација:
Здружение Организација на жените на општина Свети Николе
Наслов на проект:
Вклучени млади, силни заедници
Општа цел на проектот:
Придонес кон креирање на овозможувачка околина за активно вклучување на младите во локалната заедница
Специфична цел(и) на проектот:
Да се воспостават услови за имплементација на Законот за младинско учество и младински политики во општина Свети Николе
Очекувани резултати:
Р1 – Oпштинските акти се усогласени за имплементацијата на Законот за младинско учество и младински политики
Р2 – Локалните механизми за младинско учество се функционални и ефикасни во согласност со законските прописи и обврски
Вкупен буџет (во ЕУР):
13 700
Име на организација:
Евротинк – Центар за европски стратегии
Наслов на проект:
Општина Бутел отворена за младите
Општа цел на проектот:
Овозможување и поттикнување на младинско учество во спроведувањето на локални младински политики и носењето одлуки за младински прашања
Специфична цел(и) на проектот:
1. Зајакнат капацитет на членовите на Локалниот младински совет, Советот на општината и општинската администрација за креирање, спроведување и следење на младински политики
2. Зголемен интерес и мотивација на засегнатите групи на млади за активно граѓанско и младинско учество на локално ниво
Очекувани резултати:
Р.1.1. Промоција и спроведување на успешно изготвената Стратегија за млади период од 5 години, донесена на партиципативен, транспарентен, отворен и социјално инклузивен начин
Р.1.2. Промоција и спроведување на успешно изготвената Младинска програма на Локалниот совет за млади за 2023 год. донесена на отворен и транспарентен начин и заснована на потребите на младите
Р.2.1. Оспособување на засегнатите млади од општината со алатки и знаење за активно граѓанство
Р.2.2. Приближување на општинската администрација, ЛМС и Советот на општината до младите од општината
Вкупен буџет (во ЕУР):
14 694,20
Име на организација:
Регионален центар за застапување – Делчево
Наслов на проект:
Младински глас за локална акција
Општа цел на проектот:
Креирање ефективни механизми и подготвеност на младите за вклучување во процесите на донесување одлуки на локално ниво преку зајакнати капацитети на сите вклучени страни и активности за подигнување на јавната свест на младинскиот активизам кој долгорочно ќе придонесе за подобар квалитет на живот во локалните заедници.
Специфична цел(и) на проектот:
1. Зајакнати капацитетите на активните младински и граѓански организации кои работат со млади за следење на локалните политики;
2. Воведување одржлив и изводлив механизам за партиципативно одлучување на локално ниво
3. Информирани млади за јавни политики на локално ниво
Очекувани резултати:
Р.1. Спроведено истражување и изработен извештај со заклучоци и препораки
Р.2. Зајакнати капацитети на 40 претставници на ГО, локални институции и млади преку работилници
Р.3. Споделени искуства и добри практики преку младински камп наменет за 50 млади
Р.4. Изработени и емитувани 2 подкасти за младински активизам во локалните заедници
Р.5. Одржана завршна прес конференција за промоција на проектните резултати, поделени лифлети со заклучоци од проектот за јавноста и споделени резултатите од претходно спроведеното истражување.
Вкупен буџет (во ЕУР):
15 000