Тркалезна Маса „Како до подобра примена на Законот за младинско учество и младински политики“

21 август 2024, Коалиција на младински организации СЕГА реализираше Тркалезна маса „Како до подобра примена на Законот за младинско учество и младински политики” со клучните чинители за младинските политики и имплементација на Законот за младинско учество и младински политики во Р.С. Македонија.

На Тркалезната маса, СЕГА ги презентираше наодите од Анализата од Влијанието на Законот за младинско учество и младински политики и беа дискутирани сите предизвици при примена на Законот по повеќе од 4 години од неговото усвојување. На овој настан најголем дел од учесниците беа млади пратеници при Собранието.

Денес, добивме силна поддршка и разбирање за потребите од измени и дополнување на Законот за младинско учество и младински политики кои повеќе од 1 година ги застапуваме со други организации низ процес на консултации со сите засегнати страни.

Тркалезната маса имаше за цел да обезбеди завршни наоди и заклучоци кои упатуваат на неопходноста од измени и дополнувања на ЗМУМП со цел подобра негова имплементација.

Тркалезната маса се реализираше во рамки на проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“, финансиран од Европската Унија, а спроведен од страна на Коалицијата на младински организации СЕГА во партнерство со СОС Детско Село Северна Македонија, Волонтерски Центар Скопје и Асоцијација Женски Форум Тетово.

ФОТОГРАФИИТЕ ОД НАСТАНОТ МОЖЕ ДА ГИ ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

Завршна Конференција „Влијанието на младите врз креирање одржливи политики“

15 август 2024, во хотел Панорамика, Скопје, Коалиција на младински организации СЕГА ја одржа Завршната Конференција „Влијанието на младите врз креирање одржливи политики“, која е во рамките на проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“.

Проектот обезбеди можност за практично јакнење на капацитетите и на граѓанските организации, младите луѓе но и јавните институции за подобра поддршка на учество на младите луѓе и младинските претставници, преку нивно вмрежување низ заедничко креирање на локални стратегии за млади, но и воспоставување и јакнење на локални младински совети во различни општини. Преку проектот се воспоставија успешни практики за подобра примена на Законот за младинско учество и младински политики, во заедничка соработка со сите чинители, промовирајќи активен глас и учество на младите како основен принцип на проектот на локално ниво. Сепак, анализата на влијанието на Законот покажа дека освен во општините каде што има поддршка од граѓанските организации и фондации, и по повеќе од 4 години за жал нивото на имплементација не е на задоволително ниво“, истакна г-дин Зоран Илиески, Извршен Директор на Коалиција СЕГА и Тим Лидер на проектот.

Министерство за социјална политика, демографија и млади како новоформирана институција која ја подигнува важноста на младите на институционално ниво, ја изрази својата поддршка за унапредување на политиките за млади. „Подготвени сме да ги поддржиме сите проекти кои ќе ги мотивираат младите да останат во нашата земја и да придонесуваат кон нејзиниот развој. Секој млад човек заслужува да биде слушнат, да биде поддржан и охрабрен да ги оствари своите амбиции. Оваа конференција е одлична можност за размена на идеи и споделување на искуства, и верувам дека резултатите од денешната дискусија ќе ни помогнат да ја зајакнеме нашата соработка и да создадеме уште поуспешни младински политики.“, изјави Г-дин Фатмир Сабриу, Државен секретар во Министерство за социјална политика, демографија и млади.

Проектот ја подигна свеста помеѓу младите за важноста од учество во заедницата, преку низа на обуки и работилници, креирајќи ресурси корисни младите, граѓанските организации и донесувачите на одлуки.

Периодот на имплементација на проектот е јануари 2021 година – август 2024 година, а главната цел на проектот беше да се подобри квалитетот на спроведувањето на младинската политика врз основа на структурна соработка и суштинско учество на вмреженото граѓанско општество.

Проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“, е финансиран од Европската Унија, а спроведен од страна на Коалицијата на младински организации СЕГА во партнерство со СОС Детско Село Северна Македонија, Волонтерски Центар Скопје и Асоцијација Женски Форум Тетово.

Фотографии од настанот може да најдете тука.

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА ПРАВЕН ЕКСПЕРТ

Проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“ поддржан од ЕУ, објавува јавен повик за Правен експерт за подготовка на Деловници за:

  1. Национално собрание за млади
  2. Деловник за функционирање на Национално советодавно тело за младински политики

Содржината на деловниците треба да се базира на Законот за младинско учество и младински политики.

Рокот за пријавување на јавниот повик е до 10 јули 2024 година.

Подетални информации околу јавниот повик како и за начинот на аплицирање можете да најдете ТУКА.

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА НАДВОРЕШЕН СОРАБОТНИК

Проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“ поддржан од ЕУ, објавува јавен повик за надворешен соработник за подготовка на Импакт Евалуација од спроведувањето на Законот за младинско учество и младински политики.

Одржан Јавен настан за промоција на Прирачник за Службеници за млади

Со задоволство ви го претставуваме ПРИРАЧНИКОТ ЗА СЛУЖБЕНИЦИ ЗА МЛАДИ,подготвен во рамките на проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“финансиран од Европската Унија.

Настан за промоција на Прирачник за службеници за млади

Ни претставува чест и задоволство да ја најавиме официјалната Промоција на ПРИРАЧНИКОТ ЗА СЛУЖБЕНИЦИ ЗА МЛАДИ, подготвен во рамките на проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“ финансиран од Европската Унија.

Младинските организации и младите од Битола се запознаа со Дигиталната платформа за младинско учество iniciraj.mk

На 09 октомври 2023 година во просториите на Europe House Битола, се одржа Јавен настан за промоција на Дигитална платформа за младинско учество „Иницирај“.

Организациите и младите од Охрид се запознаа со Дигиталната платформа за младинско учество iniciraj.mk

 

На 06 октомври 2023 година во просториите на Младински Центар Охрид, се одржа Јавен настан за промоција на Дигитална платформа за младинско учество „Иницирај“.

Присустните претставници на граѓански организации, институции и млади лица се информираа и се запознаа од поблиску со платформата iniciraj.mk и учествуваа на кратка работилница за пилотирање на алатката со директно учествува во проект на дигитално младинско учество.

За присутните организации беше презентиран прирачник за детална употреба на интерактивната платформа за организации и корисници со цел да обезбедиме активно дигитално и демократско учество на младите во локалната заедница.

Коалиција на младински организации СЕГА преку проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата″ ја креираше платформа iniciraj.mk која нуди алатки за дигитално учество кои им овозможуваат на локалните власти, граѓанските организации и институциите да иницираат консултативни процеси и активно да ги вклучат младите во процесите на донесување одлуки.

ПРОДОЛЖЕН РОК: Јавен повик за избор на надворешни соработници

Проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“ поддржан од ЕУ, објавува јавен повик за надворешни соработници за поддршка на локално вмрежување но и процес на застапување базирано на докази.

За таа цел Проектот има потреба од надворешни соработници:

1. Надворешен соработник за Подготовка на Контекстуализиран прирачник за вмрежување на граѓански организации на локално ниво

2. Надворешен соработник за Застапување

Рокот за пријавување на јавниот повик е до 26 септември  2023 година.

ПРОМЕНА: Крајниот Рок се продолжува до 03 октомври 2023 година.

Подетални информации за начинот на аплицирање и повеќе информации  можете да најдете ТУКА.

Серија на јавни настани за промоција на Дигиталната платформа за младинско учество iniciraj.mk

Со задоволство најавуваме дека во следниот период Коалиција СЕГА ќе започне со организација на јавни настани за промоција на Дигитална платформа за младинско учество „Иницирај“ во следните општини Битола, Охрид, Гевгелија, Делчево, Кавадарци, Тетово, Гостивар, Скопје и Штип.

Коалиција на младински организации СЕГА преку проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата″ ја креираше платформа iniciraj.mk која нуди алатки за дигитално учество кои им овозможуваат на локалните власти, граѓанските организации и институциите да иницираат консултативни процеси и активно да ги вклучат младите во процесите на донесување одлуки.

На јавните настани ќе биде презентиран прирачник за детална употреба на интерактивната платформа за организации и корисници и да обезбедиме активно дигитално и демократско учество на младите во локалната заедница.

Коалиција СЕГА ќе обезбеди менторска поддршка за организациите и институциите при понатамошна примена на интерактивната платформа.




„Оваа веб страна е креирана и одржувана со финансиска поддршка на Европска Унија. Содржината на истата е единствена одговорност на спроведувачите на проектот и не нужно ги одразува ставовите на Европската Унија.“



© 2021 – mladi.eu All rights reserved.