Со задоволство ви го претставуваме ПРИРАЧНИКОТ ЗА СЛУЖБЕНИЦИ ЗА МЛАДИ,подготвен во рамките на проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“финансиран од Европската Унија.
Целта на Прирачникот за службеници за млади е да го поддржи спроведувањето на Законот за младински политики и младинско учество и е наменет за службениците за млади во рамките на органите на државната управа и единиците на локалните самоуправи.
Јавниот настан за промоција на прирачникот се одржа на 01 ноември 2023 година во Europe House во Скопје.
Настанот го отворија Г-дин Зоран Илиески, Извршен директор на Коалиција на младински организации СЕГА и Тим Лидер на проектот и Г-дин Наумче Мојсоски, Директор на Агенцијата за млади испорт.
Прирачникот го презентираше Г-а Катица Јанева, авторка на прирачникот, а за главните предизвици на службениците за млади на локално и национално ниво говореа Г-а Неда Икономова, службеник за млади од Фонд за иновации и технолошки развој и Г-а Јулија Малахова, службеник за млади од Општина Центар.
Овој прирачник беше подготвен во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Агенцијата за млади и спорт.
Проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“,финансиран од Европската Унија, е спроведуван од страна на Коалицијата на младински организации СЕГА како главен носител,заедно со партнерите СОС Детско Село, Волонтерски Центар Скопје и Асоцијација Женски Форум Тетово.