Ни претставува чест и задоволство да ја најавиме официјалната Промоција на ПРИРАЧНИКОТ ЗА СЛУЖБЕНИЦИ ЗА МЛАДИ, подготвен во рамките на проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“ финансиран од Европската Унија.

Јавниот настан ќе се одржи на 01 ноември 2023 година (среда), во Europe House Скопје, со почеток во 12:00 часот. Агендата за настанот е во прилог.

Целта на Прирачникот за службеници за млади е да го поддржи спроведувањето на Законот за младински политики и младинско учество и е наменет за службениците за млади во рамките на органите на државната управа и единиците на локалните самоуправи. Овој прирачник беше подготвен во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Агенцијата за млади и спорт.

Настанот ќе го отворат Г-дин ЗОРАН ИЛИЕСКИ, Извршниот директор на Коалиција на младински организации СЕГА и Тим Лидер на проектот, Г-дин Наумче Мојсоски, Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Претставник на Делегацијата на ЕУ како и Претставник на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Прирачникот ќе го претстават Г-а Катица Јанева и Г-а Сања Божовиќ Стојкоска, како авторки на прирачникот.