Потпишан меморандум за соработка со општина Кисела Вода

Коалиција на младински организации СЕГА потпиша Меморандум за соработка со општина Кисела Вода, во рамки на проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“, поддржан од Европска Унија.

„Водејќи се од нашата примарна и најважна задача како локална самоуправа, а тоа е унапредување на квалитетот на услугите за граѓаните, ги користиме сите методи за да ги имплементираме барањата и да одговориме на потребите на сите категории на лица, вклучително и на младите. Како градоначалник, сметам дека е доста полезна вклученоста на младите лица во активностите на Општина Кисела Вода, како што се изготвувањето на Програмите за работа, креирањето на буџетите кои секоја општина ги има определено за активностите на младите, како и за сите прашања кои нив ги засегаат. Давањето на глас на младите лица не само што е наша законска обврска, туку ни овозможува преку имплементирање на нивните идеи да носиме  одлуки кои ќе бидат комплетни и во целост ќе одговорат на потребите на засегнатите страни. Денес потпишаниот Меморандум со Коалицијата на младински организации СЕГА, ќе ни помогне во тие заложби, посебно што веќе со одлука но Советот на Општина Кисела Вода ни е оформен локалниот младински совет кој ќе им советодавна улога и во целост ќе им даде глас на младите лица од овој дел на градот Скопје“ – изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на средбата.

Во рамки на соработката, Коалиција СЕГА обезбедува поддршка за подготовка на Локална Стратегија за млади на општина Кисела Вода, во согласност со Законот за младинско учество и младински политики. СЕГА исто така, ќе придонесе кон ефективно функционирање и јакнење на капацитети на Локалниот Младински Совет во Општина Кисела Вода како функционален модел за младинско учество во локалната заедница.

„Општина Кисела Вода е четвртата општина која што покажа грижа за младите, применувајќи ги одредбите кои произлегуваат од Законот за младинско учество и младински политики. Општината ќе започне процес на креирање на локална стратегија за млади која ќе придонесе кон подобрување на општата благосостојба и квалитет на животот на младите во заедницата. Во оваа прилика сакаме да ги потсетиме сите Градоначалници дека нивна должност е да пристапат кон креирање на стратегии за млади како и воспоставување на локални младински совети со цел да овозможат поголемо учество на младите во локалната заедница“, изјави Зоран Илиески, Извршен директор на Коалиција на младински организации СЕГА.

Проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“ е финансиран од Европската Унија и се спроведува од страна на Коалиција на младински организации СЕГА во партнерство со СОС Детско Село, Волонтерски Центар Скопје и Женски Форум Тетово.

🆕 Јавен повик за избор на надворешни соработници

Проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“ поддржан од ЕУ, објавува јавен повик за надворешни соработници.

Јавниот повик е во насока на јакнење на капацитетите на локалните младински совети како и службениците за млади во рамките на Општините.

Јавниот повик за надворешни соработници вклучува 3 (три) ЛОТ-ови:

ЛОТ 1: ИСПОРАКА НА ОБУКА ЗА СЛУЖБЕНИЦИ ЗА МЛАДИ

  1. Младинско учество и младинска политика – улога на службениците за млади на локално ниво
  2. Родова перспектива во процеси на креирање младински политики

ЛОТ 2: ИСПОРАКА НА ОБУКА И МЕНТОРСТВО ЗА ЛОКАЛНИ МЛАДИНСКИ СОВЕТИ

  1. Застапување и лобирање
  2. Анализа на јавни политики
  3. Финансиска писменост и јавни финансии на локално ниво
  4. Родова еднаквост
  5. Превенција и справување со кибер-насилство помеѓу младите

ЛОТ 3: ПОДГОТОВКА НА ЕДУКАТИВНИ МАТЕРИЈАЛИ ЗА ИНТЕРАКТИВНА ПЛАТФОРМА

  1. Младинско учество,
  2. Младинска политика
  3. Младинска работа

ДОПОЛНУВАЊЕ:

Рокот за пријавување на јавниот повик е продолжен до 18 октомври 2022 година.

Целосниот повик може да го преземете ТУКА.




„Оваа веб страна е креирана и одржувана со финансиска поддршка на Европска Унија. Содржината на истата е единствена одговорност на спроведувачите на проектот и не нужно ги одразува ставовите на Европската Унија.“



© 2021 – mladi.eu All rights reserved.