Проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“ поддржан од ЕУ, објавува јавен повик за надворешни соработници.
Јавниот повик е во насока на јакнење на капацитетите на локалните младински совети како и службениците за млади во рамките на Општините.
Јавниот повик за надворешни соработници вклучува 3 (три) ЛОТ-ови:
ЛОТ 1: ИСПОРАКА НА ОБУКА ЗА СЛУЖБЕНИЦИ ЗА МЛАДИ
- Младинско учество и младинска политика – улога на службениците за млади на локално ниво
- Родова перспектива во процеси на креирање младински политики
ЛОТ 2: ИСПОРАКА НА ОБУКА И МЕНТОРСТВО ЗА ЛОКАЛНИ МЛАДИНСКИ СОВЕТИ
- Застапување и лобирање
- Анализа на јавни политики
- Финансиска писменост и јавни финансии на локално ниво
- Родова еднаквост
- Превенција и справување со кибер-насилство помеѓу младите
ЛОТ 3: ПОДГОТОВКА НА ЕДУКАТИВНИ МАТЕРИЈАЛИ ЗА ИНТЕРАКТИВНА ПЛАТФОРМА
- Младинско учество,
- Младинска политика
- Младинска работа
ДОПОЛНУВАЊЕ:
Рокот за пријавување на јавниот повик е продолжен до 18 октомври 2022 година.
Целосниот повик може да го преземете ТУКА.