ПОТПИШАНИ ДОГОВОРИ ЗА ГРАНТОВИ СО 6 ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ

Коалицијата на младински организации СЕГА, во рамките на проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата″ поддржан од Европската Унија, додели 6 грантови на граѓански организации од Република Северна Македонија.

На 30 август 2022 година се одржа Официјална Церемонија за потпишување на Договори за Грант со граѓански организации.

Грантови беа доделени на следните 6 граѓански организации:

  1. Центар за младински активизам ЦМА КРИК – Скопје
  2. Евротинк – Центар за европски стратегии Скопје
  3. Младински културен центар – Битола
  4. Здружение Асоцијација за демократска иницијатива – Гостивар
  5. Здружение Организација на жените на општина Свети Николе
  6. Здружение Регионален центар за застапување – Делчево

Доделените грантови, во висина до 15.000 евра по грант, ќе се реализираат во наредните 12 месеци, и ќе делуваат кон јакнење на влијанието на граѓанските организации кои работат со млади во процесите на креирање политики и донесување на одлуки, посебно на локално ниво.
Во рамки на Јавниот Повик за Доделување Грантови беа пристигнати 71 апликации од кои 52 организации ја поминаа административна проверка како и проверка за подобност и беа бодувани од Комисија за евалуација на предлог проекти.

Програмата за доделување на грантови е во рамките на Проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата″, кој се спроведува од страна на Коалиција на младински организации СЕГА како водечки партнер, во партнерство со Женски Форум Тетово, СОС Детско Село и Волонтерски Центар Скопје. Овој проект е финансиран од Европската Унија, во рамките на ИПА програмата за поддршка на мрежи и платформи на граѓански организации во Република Северна Македонија, со референтен број EuropeAid/167061/DD/ACT/MK.