Локалните младински совети се предвидени со Законот за младинско учество и младински политики, и претставуваат механизми за младинско учество на локално ниво, имајќи советодавна и застапувачка улога во процесите одлучување и креирање политики. Во насока на јакнење на нивната функционалност, проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата” започна процес на јакнење на капацитетите на членовите на локалните младински совети и локални собранија за млади од повеќе општини.
Првата обука на тема „Интегрирање на родовата перспектива во работата на локалните младински совети“ се одржа во периодот од 01 – 03 декември 2022 година во Охрид. Преку обуката, учесниците ги зајакнаа капацитетите како да ја вградат родовата перспектива во локалните процеси на планирање и спроведување на програми и иницијативи.
Втората обука за локални младински совети на тема „Превенција и справување со кибер – насилство помеѓу младите“ се одржа во периодот од 15 – 17 декември 2022 година во Охрид. Учесниците се запознаа со видовите на кибер насилство, безбедност на интернет, позитивна комуникација на интернет, креирање на здрава средина во локалната заедница, креирање на акциски планови за справување со кибер – насилство.
Проектот ќе продолжи со јакнење на капацитетите на локалните младински совети и во 2023 година, преку сет на обуки, менторство и поддршка на локални иницијативи во текот на наредниот период.
Проектот го спроведува Коалиција на младински организации СЕГА, во партнерство со СОС Детско село, Волонтерски Центар Скопје и Женски Форум Тетово, со поддршка од Европската Унија.