Во рамки на активностите на проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата″ и во насока на јакнење на капацитетите на младите за справување со кибернасилство се одржа дводневна „Обука за обучувачи за превенција и справување со кибернасилство“.

Обуката се одржа во перидот од 12 – 14 декември, 2022 година во Скопје каде учество зедоа 20 средношколци, активни во ученичките парламенти, на воннаставни активности и млади лица од алтернативна грижа од Прилеп, Битола, Струга, Скопје, Дебар, Карпош, Кисела Вода и Кавадарци. Учесниците се запознаа со основите на насилство и кибер-насилство, постојните трендови на локално и меѓународно ниво, протоколи и процедури за справување со кибернасилството во локалната заедница и се стекнаа со обучувачки вештини.

Во текот на обуката учениците развија План за дисеминација на стекнатото знаење кое ќе го дисеминираат преку спроведување на последователни (Follow-up) врснички работилници до своите соученици. Врсничките работилниците се однесуваат на дисеминација на стекнатото знаење за кибернасилство, како да се препознае кибер насилство, како и каде да се пријави и како до ангажирање и решавање на овој предизвик во соодветните училишта во координација со училишниот персонал.

Проектот обезбеди менторство од надворешни експерти за учениците при подготовката и спроведувањето на работилниците. На учесниците им беше споделен Прирачник за справување со кибернасилство како ресурс за понатамошните активности во училиштата.

Обуката се реализираше во рамките на проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“, поддржан од Европската унија, спроведуван од Коалиција на младински организации СЕГА, во партнерство со СОС Детско село, Волонтерски Центар Скопје и Женски Форум Тетово.