Во рамките на проектот, СЕГА започна со поддршка на процесот за подготовка на Локални Стратегии за млади во Општина Битола, Општина Гостивар, Општина Карпош и Општина Кисела Вода во согласност со Законот за младинско учество и младински политики.

Во изминатиот период се спроведе локално истражување на младински трендови во сите 4 општини како и методологија за фасилитација на целокупниот процес. Методологијата е во согласност со приоритетите на новата Национална стратегија за млади која е во процес на подготовка, во согласност со Законот за младинско учество и младинска политика.

По спроведувањето на планираните методолошки чекори, се одржаа работилници на работните групи во сите 4 општини за креирање на Локални Стратегии за млади. Работните групи составени од претставници на локалната администрација, локални институции службеници за млади, претставници на политичките подмладоци, подмладоци на национални граѓански организации, претставници на младински и организации за млади, претставници од Локални младински совети одржаа работилници, во периодот од октомври – ноември 2022 година. Процесот на консултација и финализација на стратегиите за млади ќе продолжи и финализира на почетокот на 2023 година.

Проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“ е финансиран од Европската Унија и се спроведува од страна на Коалиција на младински организации СЕГА во партнерство со СОС Детско Село, Волонтерски Центар Скопје и Женски Форум Тетово.