Во рамките на проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата” се спроведе процес на јакнење на капацитетите на Службеници за млади од следните 14 општини: Гази Баба, Кисела Вода, Шуто Оризари, Карпош, Битола, Гостивар, Теарце, Охрид, Зрновци, Кочани, Могила, Неготино, Крушево и Прилеп.
Обука за службеници за млади на тема „Родова перспектива во процеси на креирање младински политики“, се одржа во периодот од 17 – 19 ноември, во хотел Маива во Охрид. Службениците за млади изградија капацитети за родовата перспектива при развивање и спроведување политики за млади, еднакви улоги и родова еднаквост и алатки за родова интеграција.
Во периодот од 24– 26 ноември 2022 година, Службениците за млади од 15 општини ги изградија своите капацитети за нивната улога во општините на локално ниво, концептите на младинското учество, координација со локалните младински совети и подготовка на Локални младински стратегии.
Обуките се реализираа во рамките на проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“, поддржан од Европската унија, спроведуван од Коалиција на младински организации СЕГА, во партнерство со СОС Детско село, Волонтерски Центар Скопје и Женски Форум Тетово.