На 23 август, 2023 година во просториите на Хотел Македонија во Делчево се одржа завршна прес конференција за промоција на постигнатите резултати од проектот „Младински глас за локална акција“ поддржан од програмата за грантови на Коалиција СЕГА преку проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“. Проектот се имплементираше во период од 12 месеци (септември 2022 – август 2023) во Делчево од страна на Регионалниот центар за застапување.
На настанот присутни беа претставници на локални активни граѓански организации и претставници од Општина Делчево. Настанот беше проследен и од страна на локални медиуми. Проектниот координатор ги презентираше детално резултатите од секоја спроведена активност, а на присутните им беа поделени флаери кои ги содржат сите клучни информации поврзани со проектот.
Најголем интерес присутните покажаа за спроведеното истражување затоа што и за НВО секторот и за општината е од клучно значење да имаат најнови податоци за состојбата со младинскиот активизам на терен и врз основа на истата да ги спроведуваат нивните понатамошни активности поврзани со млади.
Проектот „Младински глас за локална акција” е финансиран од програмата за грантови на проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата” финансиран од ЕУ, а спроведуван од Коалиција на младински организации СЕГА.