На 7 и 8 август 2023 година, Регионалниот центар за застапување Делчево го одржа Младинскиот камп на планината Голак, во рамки на проектот „Младински глас за локална акција”, поддржан од програмата за грантови на Коалиција СЕГА преку проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“.

50 млади од Делчево, Македонска Каменица и Пехчево имаа можност два дена да учат за младински активизам, лидерство и добри комуникациски вештини. Младите учеа да планинарат, како да ја зачуваат животната средина и преку заедничка дружба да стекнат нови пријателства и да развијат нови искуства. Ментор на сесиите во рамки на кампот беше Јулијана Даскалов, додека за делот кој вклучуваше планинарски активности задолжен беше планинарскиот водич Љупчо Чучуковски.  Преку оваа активност РЦЗ го заокружува проектот чија цел беше подигнување на јавната свест и зајакнување на капацитетите на младите за волонтеризам, активизам и нивно активно вклучување во процесите на донесување одлуки на локално ниво.

Проектот „Младински глас за локална акција” е финансиран од програмата за грантови на проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата” финансиран од ЕУ, а спроведуван од Коалиција на младински организации СЕГА.