Во време кога дигиталното насилство е се позачестено, ризикот од изложеност е голем за секого, а особено за младите.

Со цел зајакнување на капацитетите за превенција и справување со кибернасилство, повеќе од 200 млади од средните училишта во Прилеп, Дебар, Струга, Кавадарци, Скопје како и млади од алтернативна грижа, учествуваа на врснички работилници кои во периодот од мај до јуни 2023 беа организирани од СОС Детско Село во рамки на проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“.

Обуките беа реализирани од нивни врсници кои во рамки на програмата за јакнење на капацитетите на младите учествуваа на Обуката за обучувачи за превенција и справување со кибернасилство кои се спроведуваат во рамки на проектот.

Проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“ е поддржан од Европската Унија, а спроведуван од Коалиција на младински организации СЕГА во партнерство со СОС Детско село Македонија, Волонтерски Центар Скопје и Здружението „Женски форум“ – Тетово.