Младински Културен Центар – Битола креира нова Стратегија за развој на волонтерството во општина Битола 2023 – 2026 година, преку проектот „Време е за волонтирање“  кој што беше поддржан во рамките на програмата за грантови на Коалиција СЕГА во проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“.

МКЦ Битола во соработка со општина Битола и Локалниот волонтерски совет на општина Битола, во ноември 2022 година започна иницијатива за партиципативно креирање на нова стратегија за волонтерство за општина Битола за периодот 2023 – 2026 година.

Методологијата за работа на стратешкиот документ вклучуваше формирање на работна група составена од претставници на Локалниот совет за волонтерство, локални младински организации, Црвен Крст, општинска администрација и членови на Советот на општина Битола.

Се реализираа 3 работни состаноци со претходно утврдена агенда и под водство на надворешен експерт којшто имаше задача да ги земе предвид сите забелешки, предлози, сугестии од страна на членовите во работната група и да ја подготви стратегијата.

Со цел да се обезбеди поголема јавност и можност сите да се запознаат со процесот, да дадат свои мислења и предлози, се реализираа два форуми. Стратегијата е усвоена од страна на Советот на Општина Битола.

Проектот „Време е за волонтирање“ е финансиран од програмата за грантови на проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата” финансиран од ЕУ, а спроведуван од Коалиција на младински организации СЕГА.