Во време кога дигиталниот простор претставува предизвик за безбедноста на децата и младите, граѓанските организации треба да обезбедат поддршка за превенција, справување и постапување во случај на насилство врз младите луѓе во дигиталниот простор.

Во рамките на проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“ кој го спроведува Коалиција СЕГА, партнерот на проектот СОС Детско село изработи „Прирачник за справување со кибернасилство“, директно наменет за претставници на граѓанските организации, а индиректно наменет за деца, адолесценти, родители и сите возрасни што се грижат за младите и кои се залагаат да ја заслужат довербата на младите.

Прирачникот за справување со кибернасилство е достапен на македонски и албански јазик на следните линкови

МК јазик: https://mladieu.mk/…/Priracnik-za-spravuvanje-so-kiber…

АЛБ јазик: https://mladieu.mk/…/Priracnik-za-spravuvanje-so-kiber…

Прирачникот за справување со кибернасилство е изработен во рамки на проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“, поддржан од Европската Унија, а спроведуван од Коалиција на младински организации СЕГА во партнерство со СОС Детско село Македонија, Волонтерски Центар Скопје – Volunteers Centre Skopje и Здружението „Женски форум“ – Тетово.