Во насока на јакнење на функционалностa на локалните младински совети, проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата” спроведе циклус на обуки за јакнење на капацитетите на членовите на локалните младински совети и локални собранија за млади од повеќе општини.

Последната обука на тема „Финансиска писменост и јавни финансии на локално ниво“ се одржа во периодот од 09 – 11 мај 2023 година во Охрид. Преку обуката, членовите на локалните младински совети се стекнаа со знаења и вештини за концептот на финансиска писменост и алатки за партиципативно планирање на општинските буџети, анализа на општинскиот буџет, следење и транспарентност на општинскиот буџет како и улогата на младинските совети во процесите на планирање на општинските буџети, креирање на предлог буџет.

Локалните младински совети се предвидени со Законот за младинско учество и младински политики, и претставуваат механизми за младинско учество на локално ниво, имајќи советодавна и застапувачка улога во процесите одлучување и креирање политики. Во насока на јакнење на нивната функционалност, проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата” ќе продолжи со јакнење на капацитетите на локалните младински совети преку менторство и поддршка на локални иницијативи во текот на наредниот период.

Проектот го спроведува Коалиција на младински организации СЕГА, во партнерство со СОС Детско село, Волонтерски Центар Скопје и Женски Форум Тетово, со поддршка од Европската Унија.