Во период од 06 – 08 април 2023 година, членовите на Локалните младински совети учествуваа на обука за Застапување и лобирање, на која се стекнаа со знаења и вештини за ефективно застапување на потребите на младите во својата локална заедница.
На обуката младите се запознаа со концептот на застапување, целни публики, развивање на порака, техники на лобирање како и комуникација со јавноста. Исто така, локалните младински совети подготвија Акциски Планови за застапување на локално ниво кои ќе ги спроведат во наредниот период, под менторство на СЕГА.
Обуката беше спроведена во рамките на Проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“, кој го спроведува Коалиција на младински организации СЕГА, во партнерство со СОС Детско село, Волонтерски Центар Скопје – Volunteers Centre Skopje и Forumi Gruas со поддршка од Европската Унија.