Потпишан Меморандум за соработка со Општина Карпош

Денес, Коалиција на младински организации СЕГА потпиша Меморандум за соработка со Општина Карпош, во рамките на проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“.

Соработката предвидува Коалиција СЕГА да фасилитира процес за подготовка на Локална Стратегија за млади на општина Карпош во согласност со Законот за младинско учество и младински политики. Исто така, во периодот што следи, СЕГА ќе ги зајакне капацитетите на Локалниот Младински Совет во Општина Карпош како функционален модел за младинско учество во локалната заедница.

Проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“ е финансиран од Европската Унија и се спроведува од страна на Коалиција на младински организации СЕГА во партнерство со СОС Детско Село, Волонтерски Центар Скопје и Женски Форум Тетово.

Започна процес на креирање на локални стратегии за млади

Во рамките на проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој во заедницата“ поддржан од ЕУ, Коалиција СЕГА започна процес на креирање на локални стратегии за млади во согласност со Законот за младинско учество и младински политики. Проектот ќе поддржи фасилитација на процес за креирање на стратегии за млади во Општините Општините Битола, Гостивар, Кисела Вода и Карпош. Овој процес ќе примени успешни практики и развивање на процес врз база на докази.

Во изминатиот период беше развиена методологија која вклучува алатки за локално истражување на младински трендови како и методологија за фасилитација на целокупниот процес. Методологијата е во согласност со приоритетите на новата Национална стратегија за млади која е во процес на подготовка, во согласност со Законот за младинско учество и младинска политика.

Граѓанскиот сектор заедно со младите, како и членовите на локалните младински совети, ќе го водат процесот на локално ниво со широка вклученост и партиципативност. За таа цел, во периодот 12 – 14 септември 2022 година, во хотел Дрим во Струга се одржа обука за креирање на локални стратегии за млади на која учествуваа претставници на вклучените Општини како и локалните фасилитатори на процесот за сите 4 општини.

Во наредниот период ќе следи истражување и формирање на работни групи на локално ниво за изработка на локалните стратегии за млади. Се очекува стратегиите во сите 4 општини да бидат финализирани и усовени до крајот на 2022 година.

Одржана обука за Финансиско Управување со грантови за грантистите на СЕГА

На 07 септември во Хотел Холидеј Ин, Скопје, се одржа Обука за Финансиско Управување со грантови за грантистите на СЕГА.

Обуката вклучуваше детални насоки за соодветно административно и финансиско работење на проектите, преглед на документација за известување, како и насоки за видливост во проектите.

На обуката присуствуваа одговорните лица за финансиско работење во проектите како и координаторите на проектите од грантистите на СЕГА.

ПОТПИШАНИ ДОГОВОРИ ЗА ГРАНТОВИ СО 6 ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ

Коалицијата на младински организации СЕГА, во рамките на проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата″ поддржан од Европската Унија, додели 6 грантови на граѓански организации од Република Северна Македонија.

На 30 август 2022 година се одржа Официјална Церемонија за потпишување на Договори за Грант со граѓански организации.

Грантови беа доделени на следните 6 граѓански организации:

  1. Центар за младински активизам ЦМА КРИК – Скопје
  2. Евротинк – Центар за европски стратегии Скопје
  3. Младински културен центар – Битола
  4. Здружение Асоцијација за демократска иницијатива – Гостивар
  5. Здружение Организација на жените на општина Свети Николе
  6. Здружение Регионален центар за застапување – Делчево

Доделените грантови, во висина до 15.000 евра по грант, ќе се реализираат во наредните 12 месеци, и ќе делуваат кон јакнење на влијанието на граѓанските организации кои работат со млади во процесите на креирање политики и донесување на одлуки, посебно на локално ниво.
Во рамки на Јавниот Повик за Доделување Грантови беа пристигнати 71 апликации од кои 52 организации ја поминаа административна проверка како и проверка за подобност и беа бодувани од Комисија за евалуација на предлог проекти.

Програмата за доделување на грантови е во рамките на Проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата″, кој се спроведува од страна на Коалиција на младински организации СЕГА како водечки партнер, во партнерство со Женски Форум Тетово, СОС Детско Село и Волонтерски Центар Скопје. Овој проект е финансиран од Европската Унија, во рамките на ИПА програмата за поддршка на мрежи и платформи на граѓански организации во Република Северна Македонија, со референтен број EuropeAid/167061/DD/ACT/MK.

ЈАВЕН ПОВИК ЗА НАДВОРЕШЕН СОРАБОТНИК

Проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“ поддржан од ЕУ, објавува

ЈАВЕН ПОВИК ЗА НАДВОРЕШЕН СОРАБОТНИК ЗА ПОДГОТОВКА НА ПРИРАЧНИК ЗА СЛУЖБЕНИЦИ ЗА МЛАДИ

Прирачникот треба да претставува ресурс за службениците за млади на локално и национално ниво при работата со младите, граѓанските организации кои работат со млади и другите актери при примена на младински политики.

Краен рок за доставување на апликациите е 29 јули 2022 година.

Целосниот повик може да го преземете ОВДЕ.

Јавен повик за учество на Обука за дигитална писменост за онлајн активизам

Во рамки на проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“ поддржан од ЕУ, се објавува

ЈАВЕН ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА ОБУКА ЗА ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ ЗА ОНЛАЈН АКТИВИЗАМ.

Обуката за ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ ЗА ОНЛАЈН АКТИВИЗАМ е дел од Програмата на јакнење капацитети за организациски и програмски развој вклучувајќи и менторска поддршка од релевантни експерти на различни теми. 

Целта на обуката е да се зајакнат капацитетите на граѓанските организации кои работат со и за млади да обезбедат ги подобрат своите компетенции за онлајн безбедност, примена на онлајн дигитални платформи за организирање настани, онлајн застапување и учество како и платформи за визуелизација, нови трендови во подготовка на содржини за социјални медиуми и веб страни.

Период на одржување на обуката: 15 – 17 јуни 2022

Локација за одржување на обуката: Хотел „Дрим“, Струга

Работниот јазик за време на обуката ќе биде македонски.

Организаторот ги покрива сите трошоци за обуката, поврзани со сместување, патување и работни материјали.

На повикот можат да се пријават членови на граѓански организации кои се регистрирани и дејствуваат според Законот за здруженија и фондации. Апликантите мора да бидат на возраст од најмалку 18 години. Предност ќе имаат пријавените членови на организации кои работат со и за млади на локално, регионално и национално ниво.

Рок и начин на пријавување
Крајниот рок за пријавување на обуката за дигитална писменост за онлајн активизам е 10 јуни 2022 година, на следниот линк за регистрација: https://forms.gle/hz5KZVnxXnpo43Lr8  

За подетални информации околу овој повик може да не контактирате на е-маил адресите: [email protected].

Селекција на учесници
За оваа обука ќе се селектираат 16 претставници од граѓански организации. Селектираните учесници ќе бидат контактирани и информирани за сите детали во врска со обуката на 13 јуни 2022 година.

Јавен повик за учество на Обука за превенција и справување со кибер насилство

Во рамки на проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“ поддржан од ЕУ, се објавува

ЈАВЕН ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА ОБУКА ЗА ПРЕВЕНЦИЈА И СПРАВУВАЊЕ СО КИБЕР НАСИЛСТВО.

Обуката за ПРЕВЕНЦИЈА И СПРАВУВАЊЕ СО КИБЕР НАСИЛСТВО е дел од Програмата на јакнење капацитети за организациски и програмски развој вклучувајќи и менторска поддршка од релевантни експерти на различни теми.

Целта на обуката е да се зајакнат капацитетите на граѓанските организации кои работат со деца и млади да обезбедат поддршка за превенција и заштита од кибер насилство, вклучувајќи теми како што се основи и видови на кибер насилство, мапирање на потреби и стравови, позитивна комуникација на интернет, безбедност на интернет и процедури за справување со кибер насилство.

Период на одржување на обуката: 25 – 27 мај 2022

Локација за одржување на обуката: Хотел „Дрим“, Струга
(со физичко присуство, во согласност со актуелните протоколи на Владата на РСМ за организирање настани).

Работниот јазик за време на обуката ќе биде македонски.

Организаторот ги покрива сите трошоци за обуката, поврзани со сместување, патување и работни материјали.

На повикот можат да се пријават членови на граѓански организации кои се регистрирани и дејствуваат според Законот за здруженија и фондации. Предност ќе имаат пријавените членови на организации кои работат со и за млади на локално, регионално и национално ниво.

Рок и начин на пријавување
Крајниот рок за пријавување на обуката за управување со волонтери е 19 мај 2022 година, на следниот линк за регистрација: https://forms.gle/trmkFPDeM9UjY4QB8  

За подетални информации околу овој повик може да не контактирате на е-маил адресите: [email protected], [email protected]

Селекција на учесници
За оваа обука ќе се селектираат 16 претставници од граѓански организации. Селектираните учесници ќе бидат контактирани и информирани за сите детали во врска со обуката на 20 мај 2022 година.

Поднесени 71 апликации на Повикот за доделување грантови

Во рамки на Јавниот Повик за Доделување Грантови пристигнати се 71 апликации. Апликациите се во процес на административна проверка како и проверка за подобност. Оние апликации кои ќе ја поминат техничко – административната проверка, ќе продолжат понатаму во процесот на евалуација. Во рамки на овој повик ќе се доделат минимум 6 грантови во насока на зајакнато влијание на граѓанските организации кои работат со млади во процесите на креирање политики и донесување на одлуки, посебно на локално ниво.

Повикот за Доделување Грантови беше објавен на 29 март 2022 година, а заинтересираните граѓански организации имаа можност да аплицираат најдоцна до 29 април 2022 година. Се очекува добитниците да бидат познати во текот на месец јуни, по што сите пријавени организации ќе бидат известени, а со добитниците ќе бидат склучени договори.

Овој Повик за доделување грантови е во рамките на Проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата″, кој се спроведува од страна на Коалиција на младински организации СЕГА како водечки партнер, во партнерство со Женски Форум Тетово, СОС Детско Село и Волонтерски Центар Скопје. Овој проект е финансиран од Европската Унија, во рамките на ИПА програмата за поддршка на мрежи и платформи на граѓански организации во Република Северна Македонија, со референтен број EuropeAid/167061/DD/ACT/MK.

Јавен повик за учество на Обука за управување со волонтери

Во рамки на проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“ поддржан од ЕУ, се објавува

ЈАВЕН ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА ОБУКА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ВОЛОНТЕРИ.

Обуката за УПРАВУВАЊЕ СО ВОЛОНТЕРИ е дел од Програмата на јакнење капацитети за организациски и програмски развој вклучувајќи и менторска поддршка од релевантни експерти на различни теми.

Целта на обуката е да се зајакнат вештините на граѓанските организации за управување со волонтери, вклучувајќи теми како што се основи на концепт на волонтерство, меѓународни практики, регрутација на волонтери, развивање програма за волонтирање за секој волонтер, следење и евалуација на волонтерскиот процес и администрација на волонтерските процеси.

Период на одржување на обуката: 18 – 20 мај 2022

Локација за одржување на обуката: Хотел „Дрим“, Струга
(со физичко присуство, во согласност со актуелните протоколи на Владата на РСМ за организирање настани).

Работниот јазик за време на обуката ќе биде македонски.

Организаторот ги покрива сите трошоци за обуката, поврзани со сместување, патување и работни материјали.

На повикот можат да се пријават членови на граѓански организации кои се регистрирани и дејствуваат според Законот за здруженија и фондации. Предност ќе имаат пријавените членови на организации кои работат со и за млади на локално, регионално и национално ниво.

Рок и начин на пријавување
Крајниот рок за пријавување на обуката за управување со волонтери е 12 мај 2022 година, на следниот линк за регистрација: https://forms.gle/hR3WHysG5qVRRqDc6

За подетални информации околу овој повик може да не контактирате на е-маил адресите: [email protected], [email protected], или на телефон: 070 777 519.

Селекција на учесници
За оваа обука ќе се селектираат 16 претставници од граѓански организации. Селектираните учесници ќе бидат контактирани и информирани за сите детали во врска со обуката на 13 мај 2022 година.

Потпишан Меморандум за соработка со Општина Гостивар

Коалиција на младински организации СЕГА потпиша Меморандум за соработка со Општина Гостивар, во рамките на проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“.

Во рамките на соработката, СЕГА ќе фасилитира процес за подготовка на Локална Стратегија за млади во согласност со Законот за младинско учество и младински политики. Исто така, проектот ќе ги зајакне капацитетите на Локалниот Младински Совет во Општина Гостивар како функционален модел за младинско учество во локалната заедница.

Проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“ е финансиран од Европската Унија и се спроведува од страна на Коалиција на младински организации СЕГА во партнерство со СОС Детско Село, Волонтерски Центар Скопје и Женски Форум Тетово.




„Оваа веб страна е креирана и одржувана со финансиска поддршка на Европска Унија. Содржината на истата е единствена одговорност на спроведувачите на проектот и не нужно ги одразува ставовите на Европската Унија.“



© 2021 – mladi.eu All rights reserved.