Во рамки на проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“ поддржан од ЕУ, се објавува

ЈАВЕН ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА ОБУКА ЗА РОДОВИ ПОЛИТИКИ.

Обуката за РОДОВИ ПОЛИТИКИ е дел од Програмата на јакнење капацитети за организациски и програмски развој вклучувајќи и менторска поддршка од релевантни експерти на различни теми.

Целта на обуката е да се зајакнат вештините на граѓанските организации за вградување на родовата еднаквост во организациското и програмското работење. Обуката ќе се фокусира на основите на концептот на родова еднаквост, меѓународни стандарди, родовата застапеност во законската рамка во земјата, родова перспектива во процедури на граѓанските организации.

Период на одржување на обуката: 06 – 08 април 2022

Локација за одржување на обуката: Хотел „Дрим“, Струга

(со физичко присуство, во согласност со протоколите на Владата на РСМ за организирање настани).

Работниот јазик за време на обуката ќе биде македонски.

Организаторот ги покрива сите трошоци за обуката, поврзани со сместување, патување и работни материјали.

На повикот можат да се пријават членови на граѓански организации кои се регистрирани и дејствуваат според Законот за здруженија и фондации. Предност ќе имаат пријавените членови на организации кои работат со и за млади на локално, регионално и национално ниво.

Рок и начин на пријавување

Крајниот рок за пријавување на обуката за Родови политики е 01 април 2022 година, на следниот линк за регистрација: https://forms.gle/LGZ33qrhAUgwVWM9A

За подетални информации околу овој повик може да не контактирате на е-маил адресите: sega@sega.org.mk, info@forumi.org.mk, или на телефон: 075 453 595.

Селекција на учесници

За оваа обука ќе се селектираат 16 претставници од граѓански организации. Селектираните учесници ќе бидат контактирани и информирани за сите детали во врска со обуката на 04 април 2022 година.

За проектот

Главната идеја на Проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“ е да придонесе кон независно и одржливо граѓанско општество поддржано од погодна средина која поттикнува партиципативни и родово-сензитивни процеси на креирање младински политики.

Проектот се спроведува од страна на Коалиција на младински организации СЕГА (СЕГА) како водечки партнер, во партнерство со Женски Форум Тетово (ЖФ Тетово), СОС Детско Село Северна Македонија (СОС ДС) и Волонтерски Центар Скопје (ВЦС), во период од јануари 2021 – април 2024 година.

Целта на проектот е да го подобри квалитетот на имплементацијата на младинската политика заснована на структурна соработка и суштинско учество на вмреженото граѓанско општество. За да се постигне целта, проектот:

  • Ќе ги зајакне капацитетите на граѓанските организации за независно и ефективно влијание врз донесувачите на одлуки поврзани со младински прашања врз основа на докази и преку локално вмрежување
  • Ќе ги подобри граѓанските компетенции на младите мажи и жени за суштинско учество во секојдневниот живот на демократската заедница користејќи иновативни модели преку родово сензитивни и мировни пристапи
  • Ќе ги оспособи јавните институции да развиваат и спроведуваат информирани и квалитетни јавни политики поврзани со младите засновани на еднакви можности преку одржливо партнерство со локалното граѓанско општество.