Во рамки на проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“ поддржан од ЕУ, се објавува
ЈАВЕН ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА ОБУКА ЗА ПРЕВЕНЦИЈА И СПРАВУВАЊЕ СО КИБЕР НАСИЛСТВО.
Обуката за ПРЕВЕНЦИЈА И СПРАВУВАЊЕ СО КИБЕР НАСИЛСТВО е дел од Програмата на јакнење капацитети за организациски и програмски развој вклучувајќи и менторска поддршка од релевантни експерти на различни теми.
Целта на обуката е да се зајакнат капацитетите на граѓанските организации кои работат со деца и млади да обезбедат поддршка за превенција и заштита од кибер насилство, вклучувајќи теми како што се основи и видови на кибер насилство, мапирање на потреби и стравови, позитивна комуникација на интернет, безбедност на интернет и процедури за справување со кибер насилство.
Период на одржување на обуката: 25 – 27 мај 2022
Локација за одржување на обуката: Хотел „Дрим“, Струга
(со физичко присуство, во согласност со актуелните протоколи на Владата на РСМ за организирање настани).
Работниот јазик за време на обуката ќе биде македонски.
Организаторот ги покрива сите трошоци за обуката, поврзани со сместување, патување и работни материјали.
На повикот можат да се пријават членови на граѓански организации кои се регистрирани и дејствуваат според Законот за здруженија и фондации. Предност ќе имаат пријавените членови на организации кои работат со и за млади на локално, регионално и национално ниво.
Рок и начин на пријавување
Крајниот рок за пријавување на обуката за управување со волонтери е 19 мај 2022 година, на следниот линк за регистрација: https://forms.gle/trmkFPDeM9UjY4QB8
За подетални информации околу овој повик може да не контактирате на е-маил адресите: sega@sega.org.mk, info.na@sos.org.mk
Селекција на учесници
За оваа обука ќе се селектираат 16 претставници од граѓански организации. Селектираните учесници ќе бидат контактирани и информирани за сите детали во врска со обуката на 20 мај 2022 година.