Проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“ поддржан од ЕУ, објавува јавен повик за надворешни соработници.
Јавниот повик е во насока на јакнење на капацитетите на граѓанските организации кои работат со и за млади, каде се предвидени сет на активности кои ќе ги зајакнат нивните организациски и програмски капацитети.
Јавниот повик за надворешни соработници вклучува 2 (два) ЛОТ-ови:
ЛОТ 1: ИСПОРАКА НА ОБУКА И МЕНТОРСТВО
- Истражување и застапување на јавни политики
- Дигитална писменост за онлајн активизам
- Процес на пристапување во ЕУ – секторски стандарди
- Родови политики
- Управување со волонтери
- Превенција и справување со кибер-насилство
ЛОТ 2: ПОДГОТОВКА НА ПРИРАЧНИЦИ
- Прирачник за управување со волонтери во граѓански организации
- Прирачник за справување со кибер – насилство
- Прирачник за службеници за млади
Целосниот повик може да го преземете ТУКА.