Коалиција на младински организации СЕГА потпиша Меморандум за соработка со Општина Гостивар, во рамките на проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“.
Во рамките на соработката, СЕГА ќе фасилитира процес за подготовка на Локална Стратегија за млади во согласност со Законот за младинско учество и младински политики. Исто така, проектот ќе ги зајакне капацитетите на Локалниот Младински Совет во Општина Гостивар како функционален модел за младинско учество во локалната заедница.
Проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“ е финансиран од Европската Унија и се спроведува од страна на Коалиција на младински организации СЕГА во партнерство со СОС Детско Село, Волонтерски Центар Скопје и Женски Форум Тетово.