Во рамки на Јавниот Повик за Доделување Грантови пристигнати се 71 апликации. Апликациите се во процес на административна проверка како и проверка за подобност. Оние апликации кои ќе ја поминат техничко – административната проверка, ќе продолжат понатаму во процесот на евалуација. Во рамки на овој повик ќе се доделат минимум 6 грантови во насока на зајакнато влијание на граѓанските организации кои работат со млади во процесите на креирање политики и донесување на одлуки, посебно на локално ниво.

Повикот за Доделување Грантови беше објавен на 29 март 2022 година, а заинтересираните граѓански организации имаа можност да аплицираат најдоцна до 29 април 2022 година. Се очекува добитниците да бидат познати во текот на месец јуни, по што сите пријавени организации ќе бидат известени, а со добитниците ќе бидат склучени договори.

Овој Повик за доделување грантови е во рамките на Проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата″, кој се спроведува од страна на Коалиција на младински организации СЕГА како водечки партнер, во партнерство со Женски Форум Тетово, СОС Детско Село и Волонтерски Центар Скопје. Овој проект е финансиран од Европската Унија, во рамките на ИПА програмата за поддршка на мрежи и платформи на граѓански организации во Република Северна Македонија, со референтен број EuropeAid/167061/DD/ACT/MK.