Коалиција на младински организации СЕГА објавува Повик за доделување грантови, во рамките на проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата″, поддржан од Европската Унија. Целта на проектот е да го подобри квалитетот на имплементацијата на младинската политика заснована на структурна соработка и суштинско учество на вмреженото граѓанско општество.

Целта на овој повик е Зајакнато влијание на граѓанските организации кои работат со млади во процесите на креирање политики и донесување на одлуки, посебно на локално ниво.

Апликанти може да бидат граѓански организации кои работат со млади лица, активни на територијата на Р.С. Македонија и регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации (ЗЗФ). Апликантите треба да се регистрирани најмалку една година пред објавата на повикот.

Висината на бараниот грант мора да биде помеѓу 13.500 – 15.000 Евра.

Повеќе детали за повикот се достапни во Упатство за апликанти.

Апликацијата за овој повик треба да ги содржи уредно пополнети следните документи:

Рокот за поднесување на апликации е 29 април 2022 г. до 23:59 часот.

Проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата″ се спроведува од страна на Коалиција на младински организации СЕГА како водечки партнер, во партнерство со Женски Форум Тетово, СОС Детско Село и Волонтерски Центар Скопје. Овој проект е финансиран од Европската Унија, во рамките на ИПА програмата за поддршка на мрежи и платформи на граѓански организации во Република Северна Македонија, со референтен број EuropeAid/167061/DD/ACT/MK.

За повикот се одржа информативна сесија која што можете да ја погледнете на овој линк.

 Прашања и одговори