Коалиција СЕГА ја одржа Работилницата за планирање и креирање на детален акциски план за проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“, во Хотел Аквалина во Охрид, каде присуствуваа претставници на Коалиција СЕГА и претставници на партнер организациите СОС Детско село, Волонтерски центар Скопје и Здружение Женски Форум од Тетово.
На првата сесија од настанот се презентираше генералниот проектен план, преглед на досегашните активности и очекувања на претставниците.
Во периодот од 24 – 26 март 2021, учесниците и проектниот тим работеа на креирање на деталниот акциски план и подготовка на активностите, преглед на мониторинг
системот од проектот, работни процедури, комуникација, административно и финансиско работење и др.
Проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“ е поддржан од ЕУ, ИПА Програма за граѓанско општество и програма за медиуми 2018-2019, и го спроведува Коалиција на младински организации СЕГА во партнерство со СОС Детско село, Волонтерски Центар Скопје – Volunteers Centre Skopje и Здружение Женски Форум од Тетово.