Општина Карпош во соработка со Коалиција на младински организации СЕГА во изминатиот период спроведе процес на креирање на Стратегија за млади на Општина Карпош за период 2023 – 2027 година, во согласност со Законот за младинско учество и младински политики.
Подготовката на оваа стратегија беше поддржана во рамките на Проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“, финансиран од Европската Унија. Општина Карпош беше избрана како една од четирите општини каде се поддржа креирање на стратегии за млади, заедно со Општина Кисела Вода, Општина Гостивар и Општина Битола.
Проектот непосредно ги поддржа општините при подготовка на локални стратегии за млади, вклучувајќи и поддршка на локалните младински совети. Во изминатиот период, со поддршка на СЕГА, во Општина Карпош се спроведе локално истражување на младинските трендови кое ги покажа основните младински потреби и проблеми во локалната заедница. Врз основа на наодите од истражувањето, Општина Карпош воспостави работна група која подготви нацрт стратегијата за млади. Младите, граѓанскиот сектор и сите заинтересирани чинители ги дадоа своите забелешки и препораки за подобрување на Нацрт стратегијата за млади преку Јавна Расправа во организација на општината. Финалниот текст на Стратегијата за млади на Општина Карпош 2023 – 2027 година беше усвоен на последниот состанок на Советот на Општината, одржан на 28 февруари 2023 година.
Повеќе информации за процесот на следниот ЛИНК.